Одгедување на орев – Активности во месец Мај

Почитувани производители на Орев сорта Чендлер сакаме за Ве информираме за Важни активности во насадите во текот на месец Мај.

Оревот сорта Чендлер почнува да се буди од крајот на месецот април и почетокот на месец мај.
При тоа е потребно да изврши и прихрана со одредени типови на ѓубрива.

При самото будење најдобро е да се прихрани со азот во одреден однос, на пример да се изврши ѓубрење со 27 % калиум амониум нитрат или 34% амониум нитрат.

Азотот е елементот на кој најмногу му треба ореовото дрво. Недостаток на азот негативно влијае на
количината и квалитетот на производот.
Особено, тоа има негативен ефект врз периодот пред цветни (вегетативни) развојни периоди и предизвикува слаб развој на нашето овошното дрво. Листовите се мали, а нивните бои се светло зелени или жолти. Симптомот на жолти листови што се појавува на листовите може да се види низ целото дрво.
Недостаток од азот може да предизвика намален процес на фотосинтеза, може да предизвика и предвремено цветање како и намален период на цветање, со тоа е намалува и плодот на растението.

Недостаток на Азот е почест кај стебла кои се во род и потребно е да се внимава колку го снадуваме стеблото со азот. Азотно ѓубре почнува да користи од втората година на развој и количина на ѓубриво е следна:
1. на стебло од 2-5 старост се додава 150 – 250 gr
2. на 6-7 години старсот се додава 250-300 gr
3. На 8-10 години старсот се додава 350 -450 gr , ова е однесува за целиот период додека се родоност.
Ова е вкупната колична на азот што може да се додека во текот на една календаска година, почнувајќи од есенско ѓубрење и заедно со пролетна прихрана. Во зависност од другите елементи кои недостасуваат во почвата имаме различни типови на азотни ѓубрива како Амониум сулфат содржи 21 % азот, сулфур амониум нитрат содржи 21% азот, KAN содржи 27 % азот, додека UREA содржи 45-46 % азот. Исто така и арското ѓубре има одреден процент на азот, но не може да ги задоволи потребните од другите миркоелементи , доколку секоја година ѓубриме со арско ѓубре може да предизвика недостаток на Цинк кај растенија.
Прихранување со азот може да извршиме и во текот на првата година при садење на стеблото во есен/зима после нивното прифаќање.

Слика бр.1 Деформации на лист при недостаток на азот

Цинкот е многу важен за сите растенија, има улога во метаболизмот на јагледнихидрати, протени и сл. При намалена содржина на хлорофил кај растенијата при недостаток на цинк кај растенијата се појавува намален раст и формирање на мали листови. Недостаток од цинк се јавува кај песочни почви.

Се појавува пожолтување на постари листови, а младите листови стануваат тенки и збрчани, на големите листови се појавува изгореници. Листовите се накосени и некогаш се во форма на срп. Најдобро е да изврши прихрана со чист Цинк во текот на вегетација и тоа два пати, односно да се изврши прихранување фолијарно или пак преку систем капка по капка што ќе почне формирање на лисната маса првата прихрана и за 10 дена се врши втората прихрана откако ќе се изврши првата прихрана. После бербата или паѓањето на 60 % од листовите се врши и третата прихрана со Цинк.


Слика бр.2 Деформации на лист при недостаток на цинк

Почитувани земјоделци доколку имате потреба од совети за прихранување слободно контактирајте не.